Скандалозно персонализирано

131

Штефан Винкелман, генералниот директор на Lamborghini, објави дека во 2025 година, дури 94% од испорачаните автомобили на клиентите имале најмалку еден елемент на персонализација од Ad Personam програмата.

Најмногу се избирала специфична боја, при што можете да изберете една од расположливите 400 нијанси.

Такви се на пример споделените фотографии на Revuelto со нијанса на боја која се прелева од Verde Scandal кон Nero Noctis.

Во својата објава, Винкелман, се присети и ја сподели вистината за настанувањето на бојата Verde Scandal.

Оваа специфична нијанса која е исклучително популарна во брендот, настанала оној момент кога една клиентка побарала нејзиното Lamborghini да биде обоено во боја која во моментот не била на располагање во палетарникот на Lamborghini.

Таа сакала да добие автомобил чија надворешна боја ќе може да се вкомпонира со бојата на нејзиниот зелен фустан.

А кога вработените во Ламборгини побарале примерок од бојата за да работат на темата, клиентката, како на филм, го соблекла фустанот и им го оставила на техничарите како урнек.

Одтогаш, постои бојата “скандалозно зелена” како пријатна меморија на овој настан.

Реклама