“Безбеден град”, поделил 45.307 казни!

398

Според официјалните податоци споделени од Министерството за Внатрешни работи, во изминатите два месеци, откако е пуштен во употреба системот – Safe City, поделени се вкупно 45.307 казни!

Конкретно, во месец март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци, а претходниот месец, февруари, истата бројка изнесувала 19.066 прекршоци!

Тоа значи дека бројот на сообраќајни прекршоци регистрирани од системот “Безбеден Град”, во вториот месец од својата имплементација се зголемил за 37%!

Нејасно е дали причината за овој пораст се крие можеби, во повеќе поставени камери на патиштата, или истиот е резултат на некое “опуштање” на возачите по првичниот грч.

Ако е за некаква утеха, бројот на прекршоци за минување на црвено светло споредбено со февруари е намален за 68,2%.

Зголемен е бројот на прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола (941 во март / 674 февруари).

Она што во целата приказна особено загрижува е што во период од само два месеци се изречени 1.197 мерки забрана за управување со возило.

Кога на оваа бројка ќе се додадат и казните кои ги делат сообраќајните патроли, податоците се повеќе од загрижувачки.

Замислете што ќе се случи, кога системот ќе ги поврзе и останатите градови во Републиката?

Реклама