Stellantis вработува “на големо”

830

На почетокот од минатиот месец, ги пренесовме финансиските резултати кои Групацијата Stellantis во која влегуваат еден куп познати европски и светски брендови (Peugeot, Citroen, Fiat, Jeep, Alfa Romeo, Opel, Abarth, Maserati, RAM…) ги оствари во минатата година.

Во постот под името – “Инфаркт” резултати за Stellantis наведовме дека компанијата во 2025 година направи масивна загуба од 22,3 милијарди евра, и дека новиот директор Антонио Филоса, планира целосно да ја ревитализира компанијата.

Неговиот план, по се’ изгледа веќе почна да се остварува.

И покрај загубата, тој донесе одлука да вработува на големо, па така, во фабриките во САД, Стелантис веќе вработи 4.700 нови лица.

Оваа бројка, во светски рамки треба да се издигне на 10.000 нови работници, нова свежа крв.

Со ова, компанијата се враќа на околу 259.000 вработени, бројка која Групацијата ја имаше, пред да започнат радикалните кратења во персоналот и трошоците од страна на претходникот на Филоса, Карлос Тавареш.

Особено агресивен е планот во потрагата и регрутирањето на околу 2.000 нови инжинери, кои јасно, треба да го подобрат квалитетот на производите кои последните години во континуитет опаѓа.

Во прилог на намалениот квалитет на инжинерингот и изведбата, секако, оди и неодамнешната објава според која фрапантна бројка од 800.000 возила се повикуваат во сервис на проверка и поправка, поради можност за опожарување.

Дали оваамерка ќе вроди со плод, останува да видиме.

Реклама