Би земале ли часови по возење во Порше?

157

Соња Петерсен е инструктор по возење од Норвешка, чии часови и првите моменти кога сте застанале зад воланот на едно возило, сигурно нема да ги заборавите до крајот на животот.

Во оваа авто школа, од малото норвешко местенце Фагернес, со околу 2.000 жители, инструкторката своите часови ги дава на Porsche Taycan 4 Cross Turismo.

Г-ѓа Петерсен по 19 години поминати како професионален инструктор по возење, решила да отвори сопствена авто школа и во неа го ставила својот електричен Porsche Taycan 4 Cross Turismo, набавен како користено возило со поминати 27.400 километри.

Во земјата во која 95% од возилата се електрични, овој избор се чинел совршено логичен, а дополнително го избрала овој автомобил затоа што најголемиот дел од своето време го поминува во него и сака работните часови да и бидат комфорни и пријатни.

Нема дилема дека исто така се чувствуваат и нејзните студенти.

Како што вели Петерсен, “во моето училиште ги учам своите студенти на безбедно возење. Токму затоа, на прозорот од училиштето имам закачено 87 пара на чорапи. Токму тоа е бројката на луѓе кои во нашата земја го загубија животот во минатата година во сообраќајни незгоди. ” A како шо дополнува, се надевам дека и мојата работа ќе води кон визијата НУЛА жртви на патиштата во Норвешка.

Само во минатата година, низ училиштето Øie Trafikkskole поминале 70 кандидати за возачка дозвола.

Атрактивното електрично Порше е очигледно голем магнет за сите кандидати, во градчето во кое има четири авто школи.

Останува само еден проблем, што по добивањето на дозволата, голем број од кандидатите, навикнати на удобноста и безбедноста на Porsche Taycan 4 Cross Turismo, ќе имаат подигнати очекувања од својот автомобил и ќе се трудат што побрзо да заработат и набават автомобил од овој тип.

Реклама