Aмерикански сенатор бара трајна забрана за автомобилскиот “канцер” од Кина

194

Американскиот сенатор од Републиканската Партија, Берни Морено, бара трајна забрана на се’ што во авто индустријата потекнува од Кина.

Во своја изјава, сенаторот од Охајо, истакнува дека ќе поднесе предлог закон со кој земјата ќе се осигура дека во Соединетите Американски Држави нема да стапнат Кинески автомобили, ниту преку увоз, ниту преку било каква форма на партнерство со некоја домашна компанија, ниту преку кодирани пораки скриени во автомобилскиот софтвер!

Во агресивното и недипломатско интервју дадено пред отворањето на Саемот за автомобили во Њу Јорк, тој изјавил : “Не му дозволуваме на Huawei да дојде во нашата телекомуникациска инфраструктура. Нема да им дозволиме ниту на Кинеските производители на автомобили да влезат на нашиот пазар. Ќе го спречиме канцерот да влезе на нашиот пазар, а ќе треба и други земји да одат на хемотерапија.”

Очекувано, овие силеџиски пораки, неформално ги подржуваат и Американските производители на возила кои континуирано лобираат за се’ поголеми бариери за увоз на возила од Кина.

Како оправдание, ја наведуваат ситуацијата во Европа, во која веќе едно од 10 продадени возила е Кинеско, а сето тоа, негативно се одразува на финансиските резултати на европските производители, на кондицијата на бруто општествениот производ и стапката на вработеност.

Од друга страна официјалните претставници на Кина, сметаат дека со своите радикални мерки САД ја блокираат конкурентската битка во автомобилскиот сектор, па и самите најуваат дополнителни реципрочни мерки.

Реклама