Lamborghini Miura, слави 60 години!

149

Секој автомобилски бренд има свое историско милениче, автентичен модел на тркала, од кој почнува целата приказна, на којa подоцна се надоградуваат и тркалаат традицијата и успехот.

А за титанот од Сант’Агата Болоњезе, за брендот на супер автомобили со разјарениот бик напредната хауба Ламборгини, тоа секако е спортската Миура.

А токму на Миура и е посветена цела уметничка инсталација на тркала под името – Родена неспоредлива, во Музејот на Automobili Lamborghini, и која слави 60 години од раѓањето на Lamborghini Miura.

Изложбата ќе биде активна од 18 Март до Jануари следната година.

А самата патека на изложбата ја раскажува приказната од раѓањето, еволуцијата и наследството на еден од најиконските модели во историјата на брендот, како и во историјата на авто бизнисот воопшто.

На оваа изложба ќе може да се видат повеќе, сериозно избрани модели и содржини поврзани со Миура, влучувајќи ја и оригиналната шасија на моделот презентирана во 1965 година на Саемот за возила во Торино.

Во тоа време шасијата беше презентирана како гола структура, обоена во црна мат боја, со V12 моторот поставен трансверзално зад кокпитот.

Таа веднаш го привлече светското внимание поради својата супер лесна конструкција која тежеше само 120 килограми и претставуваше радикална промена во креирањето на спортските автомобили на иднината.

Следната година, на 10ти март 1966 година, само три години по лансирањето на младата компанија Ламборгини, на саемот во Женева, компанијата и официјално ја претстави Миура. Спортскиот автомобил кој прикажа перформанси кои во тоа време се чинеа нереални.

Ова беше трети спортски автомобил на Ламборгини, по моделите 350 GT и 350 GTS, и кој остана да се слави како икона, декади по лансирањето.

Јавноста беше силно возбудена, а во авто индустријата започна да се развива еден сосема нов сегмент на модерни супер спортски возила со среден мотор.

Треба да се потенцира и тоа дека Lamborghini V12 моторот го градеше днк материјалот на брендот речиси шест декади.

Последниот пјур V12 мотор беше вграден во Aventador Ultimae во 2022. Веќе следната 2023, V12 влезе во ново поглавје со моделот Revuelto, во кое иконскиот мотор беше спарен со хибриден систем, правејќи го новиот еволуивен чекор на Ламборгини во процесот на новата ера на електрификација..

Интересно е и тоа дека, името Миура, за прв пат во историјата што подоцна ќе стане традиција во брендот, е име на позната линија на Шпански бикови.

Бикови одгледувани од Don Eduardo Miura Fernández.

По фамозниот Миура, следеа и модели со мињата Espada, Islero, Murciélago, сите имиња на познати моќни, бикови од коридата.

Во периодот од 1966 до 1973 година Миура се произведуваше во фбриката на Ламборгини во Сант Агата Болоњезе, а во првата година од лансирањето се продаде во 107 примероци.

На изложбата ќе биде присутен и моделот Миура P400 S, моделот со 3.9-литарски V12 мотор со 370 коњски сили, како најбрз продукциски модел во своето време кој од 0 до 100 km/h забрзуваше за 6,7 секунди со максимална брзина од 280 km/h.

Низ оваа славеничка година ќе бидат изложени и два особено ретки модели – Miura Roadster, уникатниот проект креиран од Bertone во 1968, за прв пат презентиран на јавноста на Саемот во Брисел, без кров, странични прозорци или систем за затварање, еден од најрадикалните дизајни на Миура, наменети само за саемско изложување.

 Присутна ќе биде и Miura SVJ , специјалниот модел направен во крајно лимитирана бројка на примроци, и кој е изведен од прототипот во 1970 година развиен од тест возачот на Lamborghini Боб Валас.

Покрај другите модели на саемот ќе биде презентиран и Miura Concept, кој беше претставен во 2006 година, дело на Валтер де Силва, шеф на  Lamborghini Design, во тоа време.

Се разбира, покрај легендарната Миура, на изложбата свое место имаат и други иконски модели на брендот како што се  Countach, LM002 и некои од најновите Few-Off креации.

Покрај изложбата, јубилејната година ќе се слави и на Турата Lamborghini Polo Storico Tour, која ќе се одржи од 6ти до 10ти мај во Северна Италија.

Реклама