Mercedes-Benz ги собира класиците во својот Музеј

107

Со првите зраци на прoлетното сонце, Mercedes-Benz Музејот во Штутгарт се подготвува за настаните Classics & Coffee, на кои во секоја Недела, од 12 Април до 11-ти Октомври ќе се собираат и изложуваат класичните и помади класични автомобили на трокраката ѕвезда.

На овој настан околу 9 часот наутро се собираат на дружба соствениците на неколку стотини класични автомобили од брендот Mercedes-Benz, иако присуството е отворено и за возила остари од 20 години и од други брендови.

На овој настан кој е од отворена природа и не се потребни најави и резервации, во минатата година продефилирале 11.500 автомобили.

Покрај сопствениците на класични автомобили, разгедување во оваа релаксирана атмосфера може да прават и посетителитена Музејот, како и обични минувачи.

за уште поголемо уживањесе организираат и DJ сетови, журки, разговори со познати фогури од моторспортот, како што минатата година беше организирана средба со Бернд Мајландер, безбедносен возач од Формула 1.

Како изгледаат овие собири, може да видите во галеријата подолу. За преглед кликнете на стрелките (лево/десно)

Реклама