Во чест на 75 години присуство на пазарот во Австралија, Германскиот производител на луксузни автомобили Porsche, во својата фабрика во Лајпциг креираше два специјални автомобили – Panamera 4 E‑Hybrid и целосно електричен Macan.

Двете возила беа откриени на Formula 1® Australian Grand Prix настанот на 5ти Март, оваа година.
Како инспирација во креирањето на автомобилите беа искористени богатите релјефи и природни убавини на Австралија.

Дополнителното прилагодување беше направено во Porsche Exclusive Manufaktur Центарот за индивидуализација на секој модел на Porsche.













