Уште една жртва на кризата во авто индустријата

150

Фановите на Германскиот бренд на луксузни и спортски автомобили, BMW, останаа фрапирани откако Групацијата КОHL објави дека на крајот на 2026 година го гасне својот бренд AC Schnitzer.

AC Schnitzer беше еден од најпознатите тјунери на автомобилите на BMW и MINI, за што редовно добиваше признанија и награди од стручната но и фан базата.

Такво беше неодамна и признанието од читателите на познатиот авто магазин auto motor und sport, кои го избраа токму AC Schnitzer за Најдобар Бренд, најдобар тјунер на BMW автомобилите.

Фото : AC Schnitzer

Во краткото известување на генералниот директор на KOHL Групацијата, Рајнер Фогел, се вели дека брендот едноставно не успеа да се справи со кризата, растечките трошоци, но и со домашните (Германски) предолги процедури за сертифицирање на компонентите и резервните делови.

“Ако резервните делови ги пуштаме на пазарот осум или девет месеци подоцна од конкуренцијата, што повеќе да се каже околу тоа.” – пишува Фогел во писменото известување до јавноста.

Фото – AC Schnitzer

Овие бирократски бариери, заедно со намалената побарувачка за тјунирање на возилата, царините на Трамп и продорот на електричните автомобили, го прават AC Schnitzer неконкурентен, поради што компанијата на крајот од оваа година ќе биде згаснат.

Сепак, на крајот од писменото известување, стои напомената, дека KOHL Group е во разговори со потенцијални инвеститори кои може да бидат заинтересирани за аквизиција на нивната компанија, и со тоа да го продолжат нејзиниот животен век.

Реклама