Италијанскиот супер бренд на спортски автомобили Lamborghini, кој апсолутно го обожаваме, ги објави своите продажни резултати во кои се крие нов, брендовски рекорд.
Во 2025 година, според објавените бројки, Lamborghini испорачал 10.747 автомобили, од кои 3.347 завршиле во земјите од Америка, 4.650 примероци во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA) и 2.750 возилa во Aзија и Пацификот (APAC).

Oваа бројка, во споредба на претходната година, претставува пораст за 60 единици, што е сосема коректно ако се земат предвид сериозните проблеми во светската економија од 2025 година како што беа економската криза, војните, тарифите на Трамп.
Токму политиките на Трамп го спречија брендот од уште поголем раст, ако се земе предвид фактот дека испораките на Lamborghini во Америка, паднаа за 11%.

Во анализа на бројките треба да се има предвид дека брендот пред десетина години имаше продажни бројки од околу 3.200 примероци, што значи дека вкупниот аутпут на возила во супер луксузниот спортски бренд, во последната деценија е зголемена за повеќе од 3 пати.

Уште може да се спомене и тоа дека во продажбата во 2025 година, воопшто не учествуваше моделот Temerario, за кој се крева најголем хајп, а неговите испораки се очекуваат допрва во 2026 година.
Во продажбата во изминатата година најголемо е значењето на моделите Revuelto и спортскиот SUV – Urus.















