Сериозно освежување за бестселерите на Dacia

148

Романската компанија Dacia, која под капата на Renault ја живее својата нова младост, објави дека сериозно ги освежува своите најпродавани модели на Европскиот автомобилски пазар.

Според последната информација, автомобилите со логото на Dacia – Sandero, Sandero Stepway, Jogger и Logan ќе го добијат новиот светлосен LED потпис.

Во своите нови предни светла, овие модели ја добиваат светлосната линија која личи на инверзно поставена буква “T”, која понатаму се поврзува со светлосните точки кои прават контрастна слика на црната предна маска.

Оваа форма на предните светла и маска, ќе бидат новиот препознатлив и заштитен знак на автомобилите на Dacia.

Светлосната група, споена со маската, идеално се вклопуваат во предниот браник и изгледаат како да се компактни, составени од еден дел.

Во задниот дел на моделите Sandero, Sandero Stepway и Jogger, во задните светла, исто така ќе биде вметнат новиот дизајнерски знак со инверзното Т.

Моделите Sandero, Sandero Stepway, Jogger и Logan, зависно од својата боја, добиваат и нови раткапни и алуминиумски тркала.

За Sandero, Sandero Stepway и Logan подготвена е и нова атрактивна жолта боја на екстериерот, која се води под работниот назив – Amber Yellow.

Во ентериерот, дизајнерскиот потг со инверзно поставеното Т, продолжува. Такви елементи се поставени на издувите за воздух, а предната табла и вратите добиваат и посебни нови материјали во сина боја.

Sandero, Sandero Stepway, Jogger и Logan добиваат и поквалитетни материјали од кои се изработени седиштата, предниот панел и вратите.

Во освежените модели, вграден е и нов мултимедијален систем со големина на екранот од 10 инчи, на кој е поврзана и навигацијата.

Медискиот систем доаѓа и со безжично поврзување со Apple CarPlayTM и Android AutoTM.

Моделите имаат и модул за индуктивно полнење на мобилните телефони.

За комплетирање на чувството мултимедијалниот централен екран е надополнет и со 7 инчен дигитален инструмент панел.

И секако, најважната промена е новиот хибриден 155 погон, кој беше за прв пат промовиран кај новата Dacia Bigster. Овој хибриден мотор станува достапен кај Jogger, a ќе почне да се вградува и кај Sandero Stepway во последниот квартал од следната, 2026 година со што Sandero Stepway за прв пат ќе добие електрифициран погон.

Хибридниот мотор 155, ги комбинира 1,8 литарскиот четирицилиндричен бензински мотор со моќност од 109 коњски сили, со два електромотори (мотор од 5 коњски сили и високо волтажен стартер/генератор), батеријата со капацитет од 1,4 kWh, со автоматскиот електричен менувач со четири брзини за моторот со внатрешно согорување, и два други за електрично оперирање.

Оваа комбинирана технологија е возможна само како резултат на немањето кумплунг.

На тој начин е добиен новиот погон со вкупна моќност од 155 коњски сили и вртежен момент од 170 Nm.

Dacia останува лидер на Европскиот пазар во понудата на фабрички изведени мотори со погон на течен нафтен гас LPG, со своите flex-fuel бензин/LPG систем за сите мотори со внатрешно согорување.

Новите модели на  Sandero, Sandero Stepway, Jogger и Logan ќе може да бидат опремени со Eco-G 120 моторите на LPG, со нови 1,2 литарски, трицилиндрични турбо мотори со моќност од 120 коњски сили (20 коњски сили повеќе од претходните модели). И за прв пат, овие мотори ќе може да бидат спарени со автоматски менувачи со двојна спојка и 6 брзини.

Овој нов, Eco-G 120 мотор ќе биде достапен и кај Dacia Duster.

Новиот Sandero, Sandero Stepway, Jogger и Logan ги добиваат и новите системи со кои се задоволуваат Европските стандарди за безбедност, како шт се: автоматско сопирање во случај на опасност (во град или на автопат со детекција на возило, пешак, велосипедист и моторциклист) како и специјален аларм за подигнување на вниманието кај возачот.

Реклама