Porsche 911 Spirit 70

177

На Саемот за автомобили во Шангај, Порше го претстави моделот 911 Spirit 70, кабриолет кој ќе се произведе во само 1.500 единици и кој не враќа во 70те и 80те години од минатиот век.

Овој модел од ерата на диското, е дел од стратегијата  Heritage Design , како веќе трети модел во низа во кој се користат мотиви од дизајнот на поранешни возила од палетата на Порше. Замислен е да биде сериозен колекционерски спортски модел, во лимитирана едиција, кој дополнително може да се кастомизира според желбите на клиентите.

Во техничката основа на моделот 911 спирит 70, се крие aктуелната 911 Carrera GTS Cabriolet со ефикасен хибрид. Во комбинација со високо волтажен систем, е турбо и електричниoт мотор, новодизајнираниот 3,6 литарски мотор постигнува моќност од 398 kW (541 коњски сили) и вртеже момент од 610 Nm.

911 Spirit 70 веќе може да се порачува во официјалните дилерства.

Специјално За овој модел дизајнерите на Порше ја креираа бојата Olive Neo, додека задната долна секција, предниот дел и класичните спортски тркала се во сиво-златна боја. Мекио кров е црн, каква што е рамката од прозорците и сето тоа на автомобилот му дава уникатен визуелен карактер.

На предната хауба се поставени три црни ленти, детали кои наликуваат на безбедносните стикери од 1970-те години, кога спортските автомобили лепеле линии на предната хауба за да бидат полесно воочливи во ретровизорите на  возачите пред нив, без разлика дали се работело за взење на спортска патека или на автопат.

Странично, во црн круг, е поставена и бројката 70, што симболизира реден број на спортски натпревар, но го означува и името на моделот.

911 Spirit 70 на предната хауба носи заштитен грб кој е речиси идентичен со историското лого на бредот од 1963 година.

Во ентериерот доминира специфичниот дизајн на материјалите Паша во црна / и олив нео боја.

Нструмент кластерот ги комбинира историскиот дизајн и сосема новата врвна технологија. Направен е од 12,65 инчен дисплеј, кој има бели покажувачи и скалести линии во аналоген формат.

Зелените бројки доаѓаат од легендарниот Porsche 356.

Дополнително Porsche нуди и нова апликација за Apple Vision Pro која им дава можност на корисниците да се вратат во 70те години и да си го дизајнираат своето возило од соништата.

Реклама