Jaпонскиот супербренд Toyota, реши да постави нови стандарди во давањето на попусти.
За моделот Toyota Mirai, Јапонците даваат попуст од неверојатни 70% и овој автомобил од 51.000 долари на Американскиот пазар ќе чини само 17.285 долари!
Овој автомобил со погон на водород имал многу скромна продажба во 2024 година – продадени се само 1.702 примероци во целиот свет.

Попустот не значи дека Тојота го напушта развојот на водородниот погон или на овој автомобил воопшто. Но поради лошите резултати кои веројатно се должат на поскапите цени од хибридните и електрични возила, и многу лошата мрежа за полнење, Тојота го повлекува овој потег и ја намалува цената за дури 70%!
Останува да видиме дали оваа акција ќе ги даде посакуваните резултати,







