Златан се почести со уште едно Ферари

41

Популарниот Шведски фудбалер со Босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, остана верен на традицијата што сам си ја воведе, и за својот нов роденден се почесто со ново Ферари.

За својот 45-ти роденден, Златан избра на својата колекција да и додаде ново Ferrari F80.

Моделот е хибриден хиперавтомобил, со мотор од 3,0 литри V6 twin-turbo со три електрично мотори и вкупна моќност од 1.200 коњски сили.

Цената на еден ваков примерок изнесува околу 4 милиони долари, а својот подарок Златан го обезбедил при посетата на дизајн центарот на Ферари минатата година!

Интересно е и тоа, дека Ибрахимовиќ е заштитно лице и се појавува во многу реклами за Волво, но речиси никогаш не е виден да вози автомобил од оваа марка.

Ако се земе предвид дека оваа година Златан се определи да се почести со хибриден автомобил, нема да изненади ако следната година пред својот дом го паркира и најконтроверзниот автомобил во поновата историја, целосно електричниот Ферари Луче.

Реклама