Yugo се враќа на сцена за 2 години

335

Веста дека се планира враќање на малиот, култен на нашиве простори градски автомобил Yugo, предизвика голема возбуда особено кај постарите жители на поранешна Југославија.

Се чини дека веста е сериозна, па веќе е дефинирано дека Yugo треба да се појави официјално на Саемот Еxpo, во Белград во 2027 година.

За идејата околу враќањето на Yugo и луѓето одговорни за овој проект, веќе пишувавме на следниот линк.

Информациите велат дека автомобилот со две врати, ќе има бензински мотор спарен со мануелен и автоматски менувач, а не е исклучена можноста истиот да биде и опремен со електричен мотор.

Најавено е и тоа дека на 15ти Септември, во Германија ќе биде објавена и за нијанса поспортска верзија, а ќе бидат споделени и повеќе технички детали.

Реклама