Од 2019 година, кога за прв пат беше промовирана новата генерација F од најпродаваниот мал автомобил на OPEL, новата Corsa, досега се продадени 1.000.000 примероци, што е значаен моментум за компанијата под знамето на Stellantis.
Новата Corsa се произведува во фабриката на Stellantis во Сарагоса, Шпанија, во која вработените со оваа соодветна фотографија го прославија и одбележаа милионитиот примерок.
Побарувачката за новата Corsa е во сериозен подем. Во првиот квартал од 2025 година, бројот на регистрации на овој автомобил во Европа е зголемен за дури 18%, во соредба со претходниот квартал, од крајот на 2024.

Според статистичките податоци, новата Corsa е најпродаваниот мал автомобил во Германија, последните четири години.
Од 2021 до 2023 година, три години по ред, таа беше најпродаваниот мал автомобил и во Велика Британија.
А во првиот квартал од 2025 година, новата Корса, го предводи Б сегментот како најпродавано возило во Германија, Велика Британија, Хрватска, Норвешка и Словенија.
Инаку, од 1982 година, кога за прв пат беш промовирана Корса, досега се продадени околу 15 милиони автомобили.







