Луксузниот кросовер на Xiaomi YU7, кој дефакто е првиот SUV на Кинеската компанија, изгледа фантастично, а испорачува и 681 коњски сили.

Тоа е вториот модел кој го исфрли компанијата, инаку позната како производител на мобилни телефони SU7, кој за 14 месеци се продаде во 258.000 единици.

Во поглед на димензиите, новиот SUV e долг 4.999 мм, широк 1.996 мм, висок 1.600 мм, со меѓуоскино растојание од 3.000 мм.

Минималистички дизајн во ентериерот
За разлика од надворешноста која е навистина импресивна и максималистичка, ентериерот е вистинска спротивност на тоа. Во ентериерот доминира инфотејнмент екранот од 16,1 инчи, кој е надополнет со HyperVision Panoramic Display (дисплејот со должина од 43,3 инчи, кој е поставен веднаш под ветробранското стакло).

Овој дисплеј може да се прилагодува и главно ги покажува брзинометарот, навигацијата, како и инфотејнмент екран за совозачот.
Седиштата се од Nappa кожа со нула точка на гравитација, која има и масажни функции на 10 точки.

А задните седишта, може лесно да се спуштат од 100 на 135 степени.

Кросоверот ќе може да собере багаж со зафатнина од 678 литри, а со спуштање на задните седишта овој простор се зголемува на 1.758 литри.

Мотори и спецификации на новиот SUV
Во поглед на моторите, кај основниот модел, достапни се конфигурации со еден мотор кој создава 316 коњски сили (235 kW / 320 PS) и вртежен момент од (528 Nm). Овој мотор нуди забрзување од (0-100 km/h) за 5,9 секунди, а максималната брзина е (240 km/h). За купувачите е подготвен и пакет на батерии од 96,3 kWh кој нуди автономија од околу 835 километри со едно полнење според CLTC стандардите.

YU7 Pro од средното ниво има дуален мотор со погон на сите тркала кои создаваат моќност од 489 кс (365 kW / 496 PS) со вртежен момент од 690 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h се постигнува за 4.3 секунди, а максималната брзина останува 240 km/h. Овде автономијата со едно полнење се намалува на 760 km.

Врвниот модел YU7 Max има напреден дуален мотор со погон на сите тркала со 681 кс (508 kW / 690 PS) и вртежен момент од 866 Nm. Забрзувањето до 100 km/h се остварува за само 3,2 секунди а возачите ќе може да постигнат максимална брзина од 253 km/h. Овој модел има батерија од 101.7 kWh која испорачува автономија со едно полнење до 770 км.






