Вака ќе изгледа новиот SUV на FIAT

1398

Во изминатите неколку недели, беше објавено дека FIAT подготвува нов SUV под името Grizzly, по што се појавија и многу рендери со претпоставки околу тоа како ќе изгледа овој нов модел на компанијата од Торино.

Во целата приказна се замеша и самиот FIAT кој ја објави првата официјална фотографија на Grizzly и Grizzly Fastback, двата нови модели кои се дизајнирани за да ја прошират понудата на FIAT и во C-сегментот.

Моделот ќе биде изработен на заедничка платформа и ќе биде наменет за целиот свет.

Grizzly треба да биде мултифункционален SUV наменет за целото семејство, додека Grizzly Fastback покажува малки подинамичен и софистициран дух, со поатрактивна силуета, поекспресивен изглед и поголем капацитет за багаж.

Семејството на Grizzly ќе биде промовирано во Европа и Средниот Исток и Африка во втората половинана 2026 година.

Реклама