Трамп со симболична поддршка за Маск. Купи Tesla Model S

223

Aмериканскиот Претседател Трамп, експресно го исполни своето ветување и како знак на симболична поддршка за својот пријател и колега во новата администрација Илон Маск, купи еден примерок на Tesla Model S.

За медиумите изјави дека нема да го вози автомобилот, од едноставна причина, затоа што одамна нема возено автомобил и не се чувствува сигурно зад воланот, но вети дека електричниот автомобил ќе го подари на својот персонал во Белата Куќа.

Трамп изјави и дека не се согласува со онаа мала група на луѓе кои го мразат Маск, особено по неколкуте контроверзни потези и неговата политика во новото Одделение за ефикасност на Владата, каде најави сериозни отпуштања и кратења на трошоците.

“Илон Маск прави огромни напорида и помогне на својата нација и тоа го прави одлично. Но лудите левичари, нелегално ја бојкотираат Tesla, која е негово бебенце, само за да му наштетат на Илон, за сето она за што се залага. ” – напиша Трамп на платформата X. ‘Не можете некого да мразите само затоа што е патриот, а Маск е навистина голем патриот.” – додаде Трамп.

На свеченото доделување на клучевите од автомобилот, Илон Маск, изјави дека планира да го удвои производството на Tesla во Америка, само благодарение на добрите политики што ги води новиот Претседател.

Останува да видиме дали овој потег на Трамп, ќе го сврти циклусот и сериозниот финансиски пад на Tesla, чии акции од 404 паднаа на само 263 долари (и тоа само оваа година).

Реклама