Најпопуларниот американски и светски бренд за моторцикли кој настана во истата година во која нашите револуционери се бореа за првата македонска Република (1903), Harley-Davidson преживува исклучително тежок период.
Компанијата објави дека во 2024 година биле испорачани 148.862 моторцикли, што претставува пад во споредба со 2023 година за 17%.
Дополнително, компанијата Harley-Davidson во 2024 година заработи 417 милиони долари, што е за дури 47% помалку од претходната година.
Единствената позитивна информација, поради која во Harley чувствуваат оптимизам се состои во статистичкиот податок според кој компанијата држи 74,5% од вкупниот пазарен уддел на големи, крстосувачки моторцикли, за долги патувања, кои се особено популарни во земјите од другата страна на Атлантикот.







