Стариот Duster сеуште се вози во Бразил, под друга значка

222

Популарните глобални авто брендови во својот арсенал за одржување или зголемување на продажбата, имаат и користат разни трикови и рецепти.

Еден од тие трикови е на различни пазари, да се мешкаат брендовите и моделите.

Ова е еден од тие примери, во кои популарната во Европа Dacia Duster, се продава како Renault Duster во Бразил.

Дополнително, ако во Европа Duster во 2024 година влезе во својата трета моделска генерација, во Бразил, сеуште се продава претходниот модел (втората генерација).

Овој SUV во Јужноамериканската земја, доби и неколку освежувања за 2026 година што значи дека истиот нема да биде повлечен во догледно време.

Измените кои се најавени во новата моделска година, се минимални и главно од козметичка природа.

Иако втората генерација на Dacia Duster беше промовирана во 2017 година, моделот кој се продава во Бразил со значката на Renault, започна со произодство со тригодишно задоцнување, од 2020 година.

Интересно е дека во Бразил се продаваат само модели со погон на предните тркала, а цената почнува од 22.000 долари.

Реклама