Специјална едиција – Skoda Fabia 130

91

Во чест на својот јубилеј, 130 години постоење, Skoda ја претстави специјалната едиција на Skoda Fabia 130, која има подобри перформанси и својата инспирација ја црпи од мотор спортот.

Изборот на Fabia за оваа намена, воопшто не е случаен бидејќи од своето лансирање во 1999 година до денес, се произведени над 5 милиони примероци, што го прави моделот еден од најуспешните во компанијата од Чешка.

Јубилејната Fabia 130, е опремена со 1.5 литарскиот TSI мотор кој испорачува моќност од  130 kW и максимална брзина од  228 km/h, што ја прави оваа Fabia најбрзата сериски произведена Fabia во иторијата

Во eкстериерот, Fabia 130 ги содржи специјалните логоа 130, со предни би-лед светла и уникатни алуминиумски фелни со големина од 18 инчи

Во ентериерот специјалниот модел се разликува од стандардните, со своите спортски седишта, трокракиот волан, виртуелниот кокпит од 10 инчи и мултимедијалниот дисплеј со големина од 9 инчи .

Специјалната едиција на Skoda Fabia130 веќе е достапна за порачка во повеќе европски земји, а испораките се очекуваат да се реализираат кон крајот на 2025 година.

Реклама