При возење на подолги релации, на жешко време, се случува да дојде до прегревање на моторот.
Ако ви се случи оваа ситуација, неопходно е прво да останете смирени.
Ако можете исклучете се од автопатот и застанете на паркинг место, ако не – тогаш обидете се да го поместите во спората линија и обезбедите своето возило со безбедносен триаголник.
Не е препорачливо, при прегревање веднаш да го исклучите моторот, бидејќи на тој начин го прекинувате и протокот на разладна течност, антифриз и масло кои имаат задача да го ладат моторот и неговите компоненти. Без нивната циркулација ризикувате да дојде до сериозно моторно оштетување.
Ставете го возилото во лер. Нека остане да работи некое време. Исклучете ја климата. Вклучете го греењето и вентилаторот на најсилно, со што ќе направите значајно ладење на моторот.
Ако можете отворете ја хаубата, но не го отварајте капачето на разладната течност, бидејќи истата е под притисок и може да предизвика сериозни изгореници.
Ако прегревањето во моторот е толку големо што од моторот се исфрла разладна течност, тогаш задолжително исклучете го моторот.







