Renault ја враќа иконата. Twingo E-tech Electric

115

Францускиот производител на автомобили Renault, со голема светска премиера, и ја презентираше на јавноста одлуката да се врати во сегментот на мали, компактни, градски автомобили.

Сегмент кој го носи името А-сегмент и во кој моментно се продаваат само околу 5% од вкупната бројка на автомобили во светски рамки.

А својот камбек, Рено го најавува со малиот, симпатичен Twingo, oвојпат во електрична варијанта.

Oвој легендарен, симпатичен мал автомобил, за прв пат беше лансиран, пред 35 години, во 1992 година.

Во меѓувреме, се случија многу промени под автомобилското небо. Главно поради новите безбедносни и технолошки стандарди, цените на автомобилите од А и Б сегментот се зближија, па продажбата на малите компактни градски автомобили, сериозно опадна.

Па сепак, како што изјавуваат во Renault, падот на интересот за автомобилите од А сегментот во кој пливаат и моделите – Тoyota Aygo, Fiat 500, Volkswagen Up… не се должи на падот на интересот на потенцијалните клиенти за втор мал автомобил што ќе се управува во урбаниот метеж.

Напротив, со новиот Twingo E-Tech electric, компанијата гледа огромен потенцијал за раст и развој, растегнувајќи го сегментот со нови мини автомобили на струја кои ќе им испорачаат на клиентите максимална вредност за вложените пари.

Новиот Twingo E-Tech electric, го задржува својот лесно препознатлив дизајн, своите модуларни форми и овојпат ќе биде опремен исклучиво со пет врати кои грантираат полесен влез и излез во автомобилот.

Twingo E-Tech electric е направен за да биде бесшумен, како и целосно “зелен”, oдносно пријателски настроен кон воздухот и животната средина.

За поголема практичност, задните седишта целосно и лесно е преклопуваат и создаваат убав простор за товарање и носење на багаж.

Како прв во својот сегмент, опремен е со OpenR Link мултимедиумски систем со вграден Google.

LFP батеријата со ранг до 263 километри е идеално искомбинирана со електричен мотор со моќност од 60 kW.

Во креирањето, за експертите од Рено особено значајна била и цената, а истата, во базната верзија на Twingo се димензионира под магичната бариера од 20.000 евра.

Овој симпатичен мал автомобил, ќе се произведува во Ново Место, Словенија и ќе зљапочне да се продава следната 2026 година.

Реклама