Францускиот производител на автомобили Peugeot, 40 години по официјалното лансирање на легендарниот модел 205 GTI, избра премиерата на својот нов автомобил со богата историја Peugeot Е-208 GTI да ја направи овој јуни, на специфичен ден – Петок 13.

Веќе следниот ден, придружуван од 30 автомобили Peugeot 205 GTI управувани од нивнте сопстеници и фанови, новиот модел E208-GTI возен од генералните дирекори на Peugeot и Stellantis, што доволно зборува за значењето на оваа премиера, се појави на престижната кружна патека Ла Манш, и го помина првиот почесен круг.

















