Промовиран новиот KIA Sportage

86

Најпродаваниот компактен SUV на Корејскиот производител на автомобили – KIA, кој досега се продаде во околу 7 милиони примероци во светот пристигнува и на нашиот континент, во Европа.

Секако, зборуваме за атрактивниот КIA Sportage, кој низ своите генерации одлично беше прифатен на нашиот автомобилски пазар.

Она што е специфично кај новиот Sportage, а е во согласност со стратегијата за одговорна мобилност, секако е новиот електрифициран модел кој можете да го изберете од палетата на КИА.

Што можеме да кажеме за новиот Sportage?

Надворешно, моделот има нов освежен изглед.

Вметнати се нови предни и задни браници, а во предниот дел се сместени и нови, вертикално поставени лед светла и маска која прилега на нос на тигар.

Клиентите кои ќе го изберат новиот Sportage имаат можност да бирааталуминиумски тркала со големина од 17, 18 и 19 инчи.

Во ентериерот е задржан сериозен комфор, особено со просторот за задните нозе на задните седишта од еден метар.

На предницата е поставен нов волан со два крака, а целиот дизајн на ентериерот е прилично минималистички.

Багажникот има зафатнина од 587 литри, а ако се спуштат задните седишта истиот се зголемува на 1.776 литри.

Кога зборуваме за конективноста, централното место го зазема таканаречениот Connected Car Navigation Cockpit, составен од двојни заоблени панорамски дисплеи со големина од 12,3 инчи, а како новина, Sportage го има и новиот хед ап дисплеј, кој проектира слика со големина од 10 инчи на предното стакло во видното поле на возачот.

Системите во возилото се засилени со Apple CarPlay и Android Auto, а со платформата Feature-on-Demand возачите може да додаваат во инфотејнмент системот аркадни игри, Јутјуб, други видео стриминг услуги, како и нови теми на дисплејот за инфотејнмент системот.

Онаму каде што тоа е можно во автомобилот е вграден и Kia In-Car Payment систем, преку кој директно од автмобилот може да се плати за паркинг место, а преку WiFi Hotspots, може да се конектира и да користи интернет преку 4G мрежа.

За оние кои ја преферираат и и веруваат на техниката, Sportage доаѓа и со Дигитален клуч, кој работи преку смарт уреди, поради што и не ви треба клуч во класична,физичка форма.

Преку апликациите можете да го отклучувате и заклучувате вашиот автомобил,  а дигиталната влезница можете да ја споделите и со други членови на вашето семејство.

Дополнително , возилото е опремено со 360 степенски монитор на кој се даваприказ на целото опкружување на Sportage-от, а постои можност целата околина на автомобилот да ја прегледате и со таканареченото птичје око, од висина.

Новата погонска линија, ви дава можност да изберете и електрифициран Sportage. Тука е хибридната верзија

Како и останатите модели и новиот Sportage е опремен со повеќе системи за активна безбедност како што се :

  • Стандардно сопирање во случај на опасност, систм за детекција на пешаци, велосипедисти и возила кои се дизајнирани да ги користат сензорите и камерата за скенирање на патот пред вас од потнцијални опасности и автоматски да ја активираат сопирачката кога ќе се појави опасност од судар.
  • Асистент во возењето на автопат, ниво 2 вклучува камера вперена напред, радарски сензори и податоци од системот за навигација за да се одржи однапред дефинираната брзина и растојание од возилото пред вас во одредени ситуации. Системот може да помогне и со вртење на воланот кога се менуваат ленти, а се активира со сигнализацијата на трепкачот за менување лента. Активен е и системт за итно избегнување на опасност со помош при вртењето на воланот.

Новиот Sportage ќе се прави во фабриката во Жилина, Словачка и се очекува да почне да се продава во третиот квартал од 2025 гдина.

Реклама