Koрејскиот производител на автомобили KIA, го претстави својот нов адут во компактната класа, кој треба да му конкурира на Golf и на Toyota Corolla и да пополни некое од испразнетите места во сегментот, како што е она на пензионираниот Ford Focus.

Дополнително, на европскиот пазар, K4, има задача да го замени и компактниот модел Ceed, кој беше комплетно креиран и изведен за европскиот автомобилски пазар.
Притоа, новиот не претставува редизајн, тој не е освежување, тој е целосно нов автомобил кој ќе се тркала по патиштата во Европа , но и на многу други светски пазари во хечбек или караванска изведба.

Развиен е на платформата на која лежат моделите Kia Nero и сестринската Hyundai Kona, a ќе се произведува во Мексико.
Иако производството ќе биде во Мексико, а моделот ќе биде интернационален и глобален, во неговиот развој беа вклучени повеќе членови на техничкиот и дизајнерски тим на KIA од Европа.

Новиот компакт е долг 4.440 милиметри и има волумен на багажниот простор од 438 литри.
Во ентериерот се препознава новиот дизајнерски јазик на KIA. Предната табла е составена од три екрани, два со големина од 12,3 инчи (едниот од нив е инструмент кластерот на кој се проектираат сите поважни информации за возилото а вториот е инфотејнмент екранот на кој можете да ја следите и навогацијата) и еден помал екран со големина од 5,3 инчи на кој се контролира греењето на автомобилот.

Што се однесува до моторите, додека поголемиот број на производители се ориентираат на целосна електрификација или на хибридни варјанти, KIA реши да го лансира K4 со нови бензински мотори.
Прв е 1,6 литарскиот турбо мотор со 150 коњски сили што од 0 до 100 km/h забрзува за 9,1 секунда и што испорачува максимална брзина од 207 km/h.

Moторот е спарен со седум степенест менувач со двојна спојка.
Предните светла се во LED технологија, а странично гледано моделот има алуминиумски тркала од 18 инчи.

На еколошки освестените возачи, на располагање ќе им биде и 1 литарски мајлд хибриден мотор со 113 бруто коњски сили.







