Според Германскиот гигант ADAC, двата целосно електрични автомобили – PEUGEOT E-208 и PEUGEOT E-308, се рангирани на првото и второ место, од 84 тестирани модели на 2024 Ecotest.

Oва реномирано и независно тестирање кое се спроведува секоја година, утврдило дека овие два автомобили имаат најголема ефикасност (најдобра потрошувачка на енергија) во реални услови на возење.
Најефикасен електричен автомобил е моделот Peugeot E-208

На истото тестирање проверен е и SUV моделот PEUGEOT E-2008, кој го освоил првото место во својата класа (електрични SUV автомобили), и високото шесто место во вкупниот ранкинг.
Тестираните модели на Peugeot имаат и одлична автономија на изинати километри, а и брзо полнење од 20 до 80% за само 30-на минути.







