Од фабриката во Млада Болеслав, неодамна се стркала 5 милионитиот примерок на Škoda Fabia, што претставува значаен јубилеј за компанијата и за моделот.
За прв пат, Fabia се појави во 1999 година на Саемот за автомобили во Франкфурт, како замена на претходната, успешна Felicia. Тогашната Fabia се изгради на сосема новата платформа на VW Group и се одликуваше со голема пространост и комфор во возењето.
Во моментов, Škoda Fabia, ја вози четвртата генерација, која беше промовирана во 2021 година, како хечбек модел со 5 врати изграден на платформата MQB A0, а се чини дека овој модел уште долго време ќе биде еден од најпродаваните автомобили во палетата на фабриката од Чешка.








