Овој седмосед на Nissan чини неверојатни 5.200 евра!

98

Nissan Gravite е имет на овој евтин кросовер со седум седишта, и кој е за жал, наменет само за Индија.

Развиен е во соработка со Француската компанија Renault, a претставниците на Nissan најавуваат лансирање на уште два SUV модела до 2027 година.

Миниванот со кросовер изглед е долг 3.991 mm, дизајниран е со три реда седишта и седум места за седење.

Седиштата во последниот ред може да се отстранат со што се добива багажен простор од 625 литри.

Моторот е 1.0 литарски бензинец со три цилиндри и моќност од 72 коњски сили, а може да се избере со мануелен или автоматски менувач.

Ентериерот е сосема пристоен, во централниот дел е поставен мултимедијален екран со големина од 8 инчи и дигитална инструмент табла со големина од 7 инчи. ЕSP системот доаѓа како стандардна опрема, а во побогатите пакети може да се изберат и JBL аудио систем , амбиентални светла и разни пакети на опрема.

Популарни содржини :

Реклама