Ова е новиот Audi A6 Allroad

174

Производителот на луксузни автомобили со четири прстени на предната маска, Ауди, ја лансираше и прикажа, новата, петта генерација на моделот Audi A6 allroad.

Телото на новиот мултифункционален автомобил е за 11 сантиметри поширок, за прв пат направен со таканаречено широко тело, има поголемо растојание од тлото (или граунд клиренс) и има поголеми алуминиумски тркала кои движат во дијапазонот од 19 до 21 инчи и сето тоа му дава на овој луксузен автомобил нишка на агресивност, авантуризам и специфични all road карактеристики.

Опремен е со адаптивна воздушна суспензија, управување на сите тркала и погон на сите тркала кватро, со кои новиоt A6 allroad може да совлада секаков терен.

Со него ќе се чувствувате одлично на автопат и во секојдневното возење низ градот, но одлично и самоуверено и на нерамен терен.

Без разлика дали се работи за тролитарскиот V6 TDI мотор или плаг-ин хибридната верзија, обата мотори се подготвени за силни спортски перформанси.

Граунд клиренсот е за 34 милиметри повисоко поставен од моделот A6 Avant, тркалата се поголеми но и гумите пошироки, а сето тоа спарено со воздушната суспензија и упправувањето на сите тркала му дава поголема самодоверба при совладување на патишта надвор од асфалтот.

Управувањето на сите тркала ја подобрува агилноста и можноста за маневар при ниски брзини овозможувајќи задните тркала да се движат до 5 степени во спротивна насока од онаа во која се движат предните тркала. При средни или повисоки брзини задните тркала може да се вртата до два степени во истата насока како предните тркала, со што се засилува стабилноста и прецизноста во управувањето.

Во внатрешноста A6 allroad нуди премиум ентериер со високо ниво на комфор, дигитално искуство на корисникот и многу простор за индивидуализација. Ова се однесува на освелувањето, како и на опремата.

Во центарот на вниманието е  Audi MMI панорамскиот дисплеј, со 11,9 инчен виртуален кокпит и 14,5 инчен екран чувствителен на допир, кој пак може да биде дополнет со уште еден 10,9 инчен екран за совозачот.

Предните дигитални Matrix LED светла може да се прилагодат преку централниот дисплеј – расположиви се осум светлосни потписи за дневните светла, а задните светла се движат и проектираат синхронизирано со предните.

И бучавоста во ентериерот како резултат на подобра изолација е смирена. Седиштата се прилагодуваат на патниците, имаат венилација и масажни функции, климата во возилото е четири-зонска, автоматска, со специјален пакет за квалитет на воздухот.

На кровот е поставен панорамски стаклен кров кој може да се затемнува и нуди избор од кабина исполнета со светлина и ефективна затемнетост и дебела сенка.

Сите мотори кај A6 allroad се електрифицирани и нудат кватро систем за погон на сите тркала, како стандардна опрема. Кај  A6 allroad e-hybrid – основен е дво литарскиот четири цилиндричен бензински мотор со моќност од 185 kW и електричен мотор со моќност до 105 kW што заедно пакува системска моќ од 270 kW и вкупен вртежен момент од 500 Nm.

Високоволтажната батерија (со бруто капацитет од 25.9 kWh) обезбедува автономија до 95 километри  (комбинирано според WLTP) на целосно електрично возење. Батеријата се дополнува со струја до 11 kW; а целосното полнење се прави за два до два и половина часови.

Во тролитарскиот V6 дизелски мотор со моќност од 220 kW и вртежен момент од 580 Nm, Audi комбинира три електрифицирани компоненти – MHEV plus технологија со ременски стартер алтернатор и погонски генератор, кој испорачува до 18 kW дополнителна моќност, како и електричн-погонуван компресор за директен и брз одговор. Како резултат, V6 TDI испорачува моќни перформанси во секоја возна ситуација – без оглед далисе работи за извлекување, забрзување надвор од градските средини, претекнување или возење по автопат.

Новиот  Audi A6 allroad е веќе достапен за порачки и ќе почнува со цена од 77,250 евра.

Реклама