Италијанскиот производител на автомобили FIAT го претстави своето ново семејно решение под називот QUBO L.
Новиот QUBO L е достапен во две верзии, со 5 (долг 4,4 метри) и со 7 седишта (4,75 метри).

Моделот со седум седишта, доаѓа со три седишта во вториот ред кои може индивидуално да се подесуваат и две седишта кои се извлекуваат на шини во третиот ред (по потреба).
QUBO L нуди можност за складирање на предмети кои се долги до 3 метри, со склопување на предното совозачко седиште.
Возилото доаѓа во Дизел изведба, со 100 или 130 коњски сили, со мануелен или автоматски менувач. Достапни се варијанти и со бензински и електричен мотор.








