Следниот викенд, поточно на 30ти и 31 јануари, во Сент Мориц, започнува прославата на еден век трозабото лого на Италијанскиот бренд Maserati.
Трозабецот од предната хауба на Масерати инспирирано од фонтаната Нептун во Болоња слави 100 години постоење, а толку години поминаа и од првото учество на брендот во моторспортот, со моделот Maserati Tipo 26, кој се натпреваруваѓе на Targa Florio и во првата година, веднаш ја освои првата награда.
Во I.C.E. Селото во Сент Мориц ќе бидат претставени моделите : MCPURA Coupé, MCPURA Cielo, GT2 Stradale, GranTurismo Meccanica Lirica One-Off, и GranCabrio Meccanica Lirica One-Off.
Дополнитено, како главни атракци ќе бидат изложени и моделите Maserati 300S и Maserati 4CLT.
Кратенката I.C.E. доаѓа од целото име на манифестацијата “International Concours of Elegance” , ќе стартува од замрзнатото езеро во Сент Мориц, и на неа ќе биде презентирана историјата на трозабото лого.

Ова и официјално ќе биде втората манифестација на која активно учество ќе земе брендот Maserati ако се брои и одличниот штанд на Саемот за автомобили во Брисел, на почетокот од 2026 година.














