Недоволно напумпани гуми сериозно ја зголемуваат потрошувачката на гориво

106

Германски ADAC измерил дека поради недоволно напумпани гуми, годишно во Европа се трошат три милијарди литри гориво повеќе од нормалното.

Кога последен пат сте го провериле притисокот на гумите на вашето возило?

Според експертите на ADAC оваа проверка е многу значајна и треба да се прави на секои две недели.

Зошто значајна? Затоа што ако притисокот на гумите е за само половина бар понизок од предвидениот, вашето возило ќе троши околу 0,3 литри повеќе гориво на 100 км.

Дополнително, недоволно напумпаните гуми, сериозно влијаат и на безбедноста, се зголемува прагот на кочење (должината по која автомобилот ќе запре, ако нагло притиснете на сопирачките), се влошува начинот на кој се влегува во свијоци. Недоволната напумпаност, го зголемува триењето на површината на гумата со асфалтот, поради што се зголемува трошењето на гориво, но и трошењето (лижење) на гумите.

Ако не знаете колку треба гумите да бидат напумпани, најдобро е да го побарате овој податок во упатството за користење на вашиот автомобил, на веб страната на производителот на автомобилот, или на налепницата која најчесто е залепена во касетата за ракавици или на Б столбот.

Реклама