Mercedes воведува трета смена

286

Додека поголемиот број на производители на возила во светот воведуваат или најавуваат кратење на бројот на работници, Mercedes Benz воведе трета смена во својата фабрика во Штутгарт.

Причината за тоа лежи во огромниот интерес и побарувачка за најновиот модел во палетата – новата CLA класа.

Во моментов, секој ден од фабриката излегуваат по околу 200 единици, што пресметано на годишно ниво би требало да е доволно за производство на 50.000 автомобили.

Според одговорните лица во Mercedes, во моментов се обезбедени доволно склопови и компоненти, особено за електричните модели на новата CLA класа, кои главно простигнуваат од Кина, па фабриката може да одговори на поголемата побарувачка на пазарот.

Реклама