Mercedes со нова премиера на 29ти Јануари

89

На 29 Јануари, Мercedes-Benz ја закажа официјалната премиера на новата S‑Class.

Генералниот директор на Mercedes- Benz, Ола Калениус, реши предвреме на фановите на брендот да им прикаже фрагменти од најновата генерација, кај која 2.700 компоненти и делови се променети или освежени.

Калениус ги издвои освежениот дизајн на екстериерот, ѕвездата поставена вертикално на предната хауба, новата интелигенција употребена во (MB.OS) Мерцедес Бенц Оперативниот систем и бројните Manufaktur опции со кои можете целосно да ја персонализирате својата нова S Класа.

Новиот адут на Merecedes ќе има и ново подвозје и нов систем на амортизација, со што брендот се бори против нерамнините и дупките на патот во Европа и САД.

Објавата за новата S Класа на Youtube, заедно со креаторот Џастин Це, на која Ола Калениус му се јави и на големиот тенисер Роџер Федерер можете да ја видите во продолжение.

Реклама