Mercedes на пат до Рим

132

Два маскирани, тест модели на Mercedes-Benz, VLE, ја завршија својата тест патека која се движеше од речиси 1.100 километри, од Штутгарт до Рим.

Притоа, требаше да се прифати и реализира предизвикот, да се застане на рутата само на две локации и да се наполнат батериите во период од по максимални 15 минути.

Двата VLE докажаа дека можат одлично да се справат со секаков предизвик. Се спуштаа по тенките, змијулести патишта на Алпите, се тркалаа по автопат, лесно ги владееа тесните патчиња во Италија.

Двата тест модели, лесно ја пројдоа патеката од 1.090 километри, во период од околу 13 часа, во прилично густ сообраќај. Согласно правилата – само две полнења по 15 минути на патот, во исклучително измешани климатски услови, бидејќи стартот на турата беше на 11 степени Целзиусови во Штутгарт, а заврши на 33 степени во Рим.

За време на целото патување, во ентериерот клима уредот одржуваше температура на околу 22 степени.

Експериментот покажа дека овие повеќенаменски возила, кои може идеално да одговорат на потребите на секое семејство или бизнис, се навистина функционални, лесни за маневар и повеќе не и робуваат на технологијата и сопствената електрифицираност.

Реклама