Германскиот производител на моторни масла и адитиви за возила, LIQUI MOLY, своите клиенти ги чести со уште една, нова, исклучително практична алатка.
Откако компанијата, на својата официјална веб страна го лансираше својот бесплатен ОIL GUIDE, преку кој со многу едноставна постапка во три чекори, клиентите може да дојдат до информацијата кое моторно масло, масло за менувач, антифриз, масло за диференцијал и глицерин во палетата на LIQUI MOLY е идеално скроено за нивното возило, на ред дојдоа и адитивите.
Водич за избор на адитиви
Новата алатка на LIQUI MOLY ви помага во неколку чекори да дојдете до информацијата кој адитив треба да го изберете за да реши определен проблем во вашето возило.
Притоа, преку интерактивен одговор на неколку прашања од типот : дали вашиот мотор работи нерамномерно, дали е затнат филтерот за дизел честички (dpf), дали забележувате значителна загуба на моќност, дали вашиот мотор губи или троши моторно масло…го филтрирате патот до вистинското решение.
Земајќи ги предвид одговорите на овие прашања, апликацијата брзо, во само неколку клика, ќе ве однесе до вистинскиот адитив или сервисен препарат, кој може да го реши вашиот проблем.
Со ова, клиентите може да заштедат многу време и веднаш да дојдат до производите кои може да им понудат решавање на проблемот.

Апликацијата ја дава можноста да изберете и решение со кое можете да превенирате (спречите) појава на определен проблем, што може да ви заштеди многу време, енергија, нерви и пари.
“Нашите адитиви се високо ефикасни решавачи на проблеми, но големата палета може некогаш да биде и исцрпувачка. Со нашиот Additive Guide (Водич за адитиви) брзо, некомплицирано и лесно, секој што го сака само најдоброто за своето возило ќе го најде вистинското решение.” Објаснува Гунтер Хиермаер, Генералниот директор на LIQUI MOLY.
Во моментов, оваа алатка не е расположива на македонски јазик, но ја има на повеќе светски јазици.
Линк до Водичот за Адитиви
Ако сакате да го пробате ова одлично решение, кликнете на овој линк (англиски јазик) или овде (хрватски јазик).
Веста е превземена од Ауто Експертс.







