Италијанскиот луксузен бренд Maserati, се соочува со сериозни проблеми. Минатата година продажбата падна за 57%, а беа продадени само 11.300 примероци во светот.
И 2025 година, трендот продолжува со нов пад во продажбата од 48%.

Тоа предизвика овој бренд, кој моментно работи под капата на Stellantis, да отиде во “дебел” минус, поради што компанијата дури ја ангажираше и светски познатата консултантска куќа “McKinsey & Company” за да го спаси брендот од пропаст. Во оваа студија е вклучена и Alfa Romeo.
Овој потег, ги разбуди шпекулациите дека Stellantis, најверојатно планира да се ослободи, т.е. да го продаде пред се Maserati, а кандидат за ваква постапка е и Alfa.

Но… овие шпекулации се обиде да ги запре новиот директор на Maserati, Санто Фичили, кој изјави дека брендот не е на продажба, напротив тој останува посветен на Италија, работниците и сите брендови, вклучувајќи го тука и Maserati.
Дополнителна главоболка за Maserati, секако се и царините на Трамп, кои го направија овој луксузен бренд, многу поскап во еден од најдобрите пазари на Maserati – САД.







