Моделот LYNK & CO 02, на европското краш тестирање за безбедност ги доби максималните пет ѕвездички за безбедност, што е истовремено и најдобар резултат доделен на еден компактен SUV во тест циклусот од 2025 година.

На тестот се остварени рекордни 89% за Безбедносна Асистенција.
Со тоа, моделот O2 му се придружува на својот брат, плаг-ин хибридот O1, кој исто така, освои максимални 5 ѕвездички на EuroNcap краш тестот.

Автомобилот Lynk & Co 02 е достапен на 22 пазари во Европа.







