Lamborghini се откажува од електричниот концепт

65

Италијанскиот производител на супер спортски автомобили Lamborghini се откажува од својот концепт Lanzador кој требаше да биде електричната иднина на брендот.

Дополнително, од компанијата изјавуваат дека и новиот Urus нема да биде целосно електричен.

На почетокот, Lanzador како целосно електричен модел беше најавен да влезе во сериско производство во 2028 година, подоцна рокот беше поместен на 2029 година, а како што сега стојат работите, овој концепт воопшто нема да ја види светлината на денот.

Причината за оваа одлука?

  • Погодувате. Челниците на Lamborghini сметаат дека на светскиот пазар воопшто не постои интерес и побарувачка за Lamborghini, кој нема да биде погонуван од мотор со внатрешно согорување.

Оваа одлука, сепак не значи дека компанијата се откажува од концептот. Најверојатно истиот ќе се произведува кон крајот на деценијата, но ќе биде plug-in хибрид, погонуван од бензински мотор комбиниран со електрична батерија.

Реклама