Дилерот на возилата (BMW, Mini, Xpeng) од Германија – Hofmann Аutomobiles, имаше многу интересна иницијатива.
Направи кино на отворено, на кое ги покани фановите на брендовите кои оваа компанија ги продава на Германскиот пазар.
На дводневната кино сесија, присуствувале околу 500 клиенти, со своите возила, кои гледале два филма.
Дополнително луѓето од Хофман се потрудиле на своите клиенти да им ги претстават новите модели на BMW и Mini, како и да ги почестат со вкусна пица и грицки.







