На саемот за автомобили во Минхен, Кинескиот производител LEAP Motor, кој од неодамна е член на групацијата Stellantis во која влегуваат и Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Alfa Romeo, JEEP… настапува прилично сериозно.
На Саемот, премиера доживува моделот B05 спортскиот C-хечбек наменет за урбаните трендсетери, а дополнително, се спроведува и комерцијалнот лансирање на моделот B10.

LEAP Motor, го има насекаде во Минхен.
Во саемските хали, на отворениот простор во Минхен, и на неколку точки на кои се прави тестирање на автомобилите.
Двата електрични модели сериозно се продаваат во Кина, а се очекува по склучувањето на сојузот со Stellantis, и практичното отворање на комплетната логистика пред се за Европа, истиот успех брендот да го има и на нашиот континент.







