Кинески Geely го претстави овој теренец

154

На Саемот за автомобили во Кина, покрај останатите новитети, Кинески Geely го претстави и својот робусен теренец Galaxy Cruiser кој има потенцијал да им ги замрси сметките на многу европски и азиски теренци.

Galaxy Cruiser не нуди само атрактивен дизајн и робусност, тој е и првиот автомобил што нуди “Full-domain AI” технологија, со која се врши автоматско префрлање од чиста електрика, на хибриден и на режим со продолжен домет, зависно од теренот по кој се движи, со што автомобилот треба да извлече максимален домет во возењето во километри.

Системот автоматски го префрла и погонот од предни, на задни или на сите тркала.

Интересна е и централната конзола во внатрешноста, која личи на командна табла во луксузна јахта.

Ова е веројатно направено во комбинација со посебната можност на SUV-от, два часа да лебди во водата, во случај на негово влегување во вода или поплавување, при што може и да се вози со брзина од 8,5 км/h.

Aвтомобилот поседува и посебно потпирање со кое е можно бочно возење, вртење во место и возење со испумпана гума.

Опремен е и со бројни безбедносни системи, со кои се гарантира безбедното возење и управување на секаков терен.

Нема повеќе дилеми дека Кинеските производители на автомобили се многу сериозни во својата намера да го шират своето портфолио и со тоа да освојуваат се поголем дел од автомобилскиот пазар.

Реклама