Според официјалните податоци споделени од JATO Dynamics, во Април 2025 година, Кинескиот производител на електрични возила BYD продаде повеќе автомобили од Tesla.
Koнкретно, во месец Април, BYD продаде 7.231 автомобили, што истовремено претставува пораст во споредба со Април во 2024 година за 169%, додека Tesla забележа пад на продажбата за 49% (со 7.165 автомобили).

Лидер во земјите од Европа, во продажбата на електрични возила е Volkswagen со 23.514 автомобили (пораст од 61%), следува BMW (14.867 возила) и Skoda (13.598 возила, но со пораст од 214%)!
Одличните резултати на Skoda, произлегуваат од врвните резултати на моделите Skoda Elroq (7.998 примероци) кој е нов модел во палетата на брендот од Чешка но и Маркет лидер во месец Април, и Skoda ENyaq (5.037 автомобили).







