На таканаречениот ЕV ден во Тарагона, Шпанија, Корејскиот бренд KIA ги претстави своите нови модели EV4, PV5 и Concept EV2, со што ја најави планираната офанзива со електрични автомобили.
Kia EV4 е новиот електричен хечбек / или седан, кој ќе се придружи на веќе промовираните и наградувани Kia EV9 (2024 World Car of the Year) Автомобил на годината 2024 во светот, и на Kia EV6 (2022 Eвропски Автомобил на Годината).
Со новиот Kia Concept EV2, брендот планира влегување во класата на електрични SUV модели од Б сегментот.

На овие модели се надодава и PV5 моделот, кој може да биде изведе во патничка или карго варијанта, со што електричните возила се приближуваат и до компаниските потреби.







