Директорот на FORD, Џим Фарли, најавува дека наскоро ќе биде лансиран нов електричен автомобил кој ќе може да им парира на автомобилите на Tesla – Model 3 и Y.
Ова се случува во време кога Ford сериозно се мачи со својата електрификација, па дури и укина неколку најавени модели како што беше F-150 Lightning и кога се чинеше дека брендот серизно ја врти својата насока кон хибридите.
Форд веќе го продава електричниот Mustang Mach-E, но се чини дека сериозно заостанува зад компаијата на Маск, според автономијата, дометот, перформансите и брзината на полнење.

Ако му се верува на Фарли, сето ова набргу ќе се смени.
А за да се случи тоа, Форд работи на нова, универзална EV Platform, или UEV со тим составен од неколку инжинери кои порано биле ангажирани во Tesla и неколку експерти, инжинери од F1.
Оваа нова платформа ќе може да се искористи во повеќе каросериски изведби, како што се компактни кросовери, пикапи, ванови и SUV автомобили.
И од овој проект ќе се родат нови, достапни и конкурентни во сите сфери автомобили кои сериозно ќе им конкурираат на автомобилите на Tesla.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :







