Финскиот град Хелсинки, ги обиколи светските медиуми со една исклучително убава вест.
Цела година, во овој Фински град со околу 690.000 жители немало ниту една жртва во сообраќајни незгоди!
Овој за нас, неверојатен успех, го има претходно остварено и главниот град на Норвешка, Осло во 2019 година.

Финска има подеднакво добри резултати и на територијата на целата држава. До почетокот на месец Јули, во Финска имало само 4 смртни случаи во текот на целата 2024 година, што претставува 0,59 на 100.000 граѓани. Истата оваа бројка во Берлин била 1,45, а во Лондон 1,2 на 100.000 жители.
Според сообраќајниот инжинер Рони Утријанен, главната причина за фантастичната НУЛА во Хелсинки, главно се должи на ограничувањето на брзината кое во најголемиот број на улици во градот изнесува 30 km/h.
До 2050 година, Финска ја има зацртано целта да нема ниту една жртва во сообраќајни незгоди во државата!








