Доаѓа новата, поголема Dacia

92

Нема никакви дилеми дека Романскиот производител на автомобили, направи маестрален потег, кога застана под капата на Францускиот гигант – Renault.

Автомобилите добија нов, свеж и атрактивен дизајн, нови платформи и мотори, сериозно подобар квалитет и издржливост, а притоа останаа исклучителни примамливи во својата цена.

Како резултат на тоа, на европскиот автомобилски пазар, најпродаван автомобил во минатата 2024 година беше токму Dacia Sandero.Одлични резултати, во континуитет постигнува и автомобилот од SUV класата – Duster.

А сега, како и што ветија во 2021 година, луѓето од Dacia, решија да влезат и како што самите велат – да го освојат C-SUV сегментот.

Според нив, идеален производ за да го оживеат сегментот е нивниот нов модел – Dacia Bigster.

Робусен, семеен автомобил

Новиот Bigster e дизајниран, пред се како робусен семеен автомобил, со кој можете да одите и на работа и да ги вршите секојдневните рутини.

Bigster, гледан од прва, навистина одговара на своето име. Тој е голем, робусен, остава моментен впечаток. Предницата му е подигната како кај SUV возилата, ја има препознатливата темна маска, која во средината го носи Dacia link-от.

Долг е 4.570 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.702 милиметри.

Може да се избере и во две бои, како и со специјален црн кров.

Bigster доаѓа со 17 и 18 инчни тркала како стандард, и со 19 инчни тркала кои може да се порачаат како опција.

Комфор и простор за сите

Како што вели Дејвид Дуранд, потпретседател на одделението за Дизајн на Дачиа, во ентериерот е направен напор, да се истакне највоочливото и најкарактеристичното – големата пространост. Користени се едноставни геометриски линии, кои го следат и надворешниот дизајн, а се бараат од клиентите кои го преферираат C-SUV сегментот.

Потребните информации за време на возењето можете да ги следите на информацискиот кластер, кој може да има големина од 7 или 10 инчи – зависни од нивото на опременост, додека инфотејнмент системот е ист кај сите модели и има екран чувствителен на допир со големина од 10,1 инчи.

Во ентериерот дополнително можете да уживате благодарение на двозонската клима, која има издуви на воздух и во задниот дел.

За оние кои на Dacia Bigster гледаат како автомобил кој може да се вози во градот, на автопат и надвор од патот, можат да изберат и модел со погон на сите тркала.

Хибридни мотори

Во поглед на моторите, Bigster може да се избере со еден хибриден мотор (на бензин и струја со моќност од 150 коњски сили) или во еден од трите мајлд (благи) хибриди со моќност од 130 до 140 коњски сили.

Безбедноста во фокус?

Иако се работи за модел од буџет класата, веројатно изненади резултатот на ЕuroNcap тестот на моделот Bigster, според кој моделот освои просечни три ѕвездички, и јасно покажа на кои елементи треба инжинерите на Dacia да му посветат поголемо внимание во иднина.

Реклама