Audi А6, e еден од најважните луксузни премиум модели на Германскиот производител на автомобили од Инголштад.
Под ова име, моделот егзистира на европскиот и светски автомобилски пазар 31 година, поточно, од 1994 година.

Но имајќи предвид дека се натпреварува со останатите конкуренти од Ц-сегментот, луѓето од компанијата со 4 прстени, сметаат дека Ауди А6 е наследник на уште еден легендарен модел – а тоа е моделот Ауди 100.
Приказната на Audi 100, а со тоа и на автомобилите од Ц сегментот на Audi, започнува во далечната 1968 година.

Audi со својата “стотка” го освои Златниот Волан пет пати, беше прогласен како Автомобил на годината двапати, и еднаш како Автомобил на годината во светот.
Од моделот Audi 100, вкупно се продадени 3.2 милиони единици, а заедно со автомобилите кои го носеа името A6 (од 1994 година) вкупната бројка на продадени автомобили од сегментот Ц изнесува импресивни – 9,84 милиони возила.
Денес, 31 година откако моделот го доби своето ново име A6, Audi ја претставува својата нова, шеста генерација на моделот.

Овој луксузен автомобил веќе може да се најде на пазарот како Авант варијанта, а од јули 2025 година, започнува официјално да се продава и седан верзијата.

Што знаеме за новиот Ауди А6 Седан?
Надворешно, новиот А6 седан, има јасни и функционални линии, типични за дизајнот на Ауди, но и аеродинамични својства со досега невидена ефикасност во палетата на брендот од Инголштад.
Она што го прави особено спортски и атрактивен овој автомобил се заоблените линии на горниот дел од страничните прозорци, особено во задниот дел.

Во поглед на димензиите, новиот седан е долг 4,99 метри што го прави за 60 мм подолг од моделот на претходната, петта генерација.
Меѓуосовинското растојание е 2,927 милиметри што го прави исклучително комфорен за патувања на подолги релации, а широчината му е околу 1,88 метри, без ретровизорите.
На кровот е пoставен панорамски прозорец, кој дополнително дава чувство на пространост и се протега речиси по целата должина на кокпитот, со што во ентериерот можете обезбедите максимална осветленост или пак, максимална затемнетост.
Панорамскиот кров е составен од 6 сегменти што може да се вклучуваат и исклучуваат, и со тоа да обезбедат максимална заштита од сончевите зраци, радијација и отсјај.
Предницата делува моќно со тенките атрактивни предни светла и централно поставените четири прстени од логото на Ауди.
Врвна аеродинамичност
Најважни за аеродинамичноста на моделот во предницата се странично поставените елементи за впивање на воздухот, со кои се постигнува подобар проток на воздухот, но и се добива дополнително агресивен дизајн на германската лимузина.

За протокот на воздух важен е и предниот спојлер, поставен во долната област под предниот браник. Со него се намалува подигнувањето на предната осовина, што заедно со панелите под шасијата, овозможува полесен и побрз проток на воздухот под возилото.
Аеродинамичноста, се зголемува благодарение и на задниот дел, кој има форма на ночбек, има заоблена линија на задната хауба, која завршува со широк дифузер што позитивно влијае на динамиката на возење.
Инаку, капацитетот на багажникот има волумен до 492 литри.

Воздушна суспензија
Моделот А6 седан има опционална адаптивна воздушна суспензија, со која идеално се комбинира спортскиот дух со комфорот при возењето.
Овој систем ја регулира висината на телото, амортизацијата, а директно влијае и на самата аеродинамичност.
Во нормалниот мод, спореден со стандардната суспензија, возилото е поставено пониско за 20 милиметри, додека во динамичниот мод, возилот се спушт за дополнителни 10 мм.
Како опција можете да изберете и управување на сите тркала, што е значајна асистенцијаза прецизни маневрирања во градскиот метеж. Со овој систем, при ниски брзини, задните тркала може да се вртат до 5 степени во спротивна насока од предните тркала, со што се подобрувавлеувањето во тесни свијоци и кривини.
При поголеми брзини, поради засилување а безбедноста, задните тркала се движат во ист правец како и предните.
Звучната изолација во ентериерот на лимузината, споредено со претходниотмодел од петтата генерација е подобрен за околу 30%.
Прозорците се подобро изолирани, изолацијата за задната хауба го намалува звукот на ветерот, а сите тркала со големина 19 инчи или повеќе се опремени со абсоррбери на звук.
Луксузен ентериер
Во ентериерот, е поставен специјален Audi MMI, тенок панорамски дисплеј, со заоблен изглед.
Тој се состои од 11, 9 инчен виртуелен кокпит и 14,5 инчен екран чувствителен на допир.

Ако сакате, можете да порачате и дополнителен Audi MMI екран од 10,9 инчи и за совозачот. На него, совoзaчот може да пребарува веб страни , стримува музика или видеа или да му помага на возачот при следење на навигацијата.
Содржината на дополнителниот екран за совозачот блгодарение на динамичниот мод на приватност, возачот не може да го гледа, па согласнотоа и не може да му пречи во возењето.

Новиот А6 може да се опреми и со посебен хед ап дисплеј, кој прoектира слика во предното стакло, во која возачот може да ја следи брзината, активните системи за асистенција, инструкциите од системот за навигација и медиа информациите. За прв пат основните функции на аудио системот може да се контролираат и реку хед ап дисплејот, во која параметрите се менуваат со копчињата на воланот.

Новиот А6 седан го користи Android Automotive Oперативниот систем, за контрола на инфотејнмент системот, а бројни надворешни апликации како што се Спотифај, Јутјуб и други може да се симнат од продавницата на апликации на Ауди, кои се интегрирани директно со автомобилот, што значи дека не ви треба смарт фон за да ги симнетеи синхронизирате апликациите.
Безбедносна и друга опрема
Од опремата,новиот седан доаѓа со многу опрема која е стандардна или се оплаќа опционално, а на оваа листа се наоѓаат : адаптивен круз контрол, ограничувач на брзина кој е прилагодлив на сообраќајните знаци и ограничувања, препознавање на знаци, задна камера, асистент за пакирање со мерење на растојание, предупредување за излегување од коловозната лента, , аиастент за итно сопирање…
Што се однесува до моторите, новиот седан на стартот ќе биде опремен со два бензински и еден дизел мотор. Два од овие три мотори ќе имаат и мајлд (или блага) хибридна технологија, што значи дека ќе бдат делумно електрифицирани.
Оваа технологија на благ хибрид им дава поддршка на моторите со внатрешно согорување и ја намалува емисијата на јаглерод диоксид.
Технологијата се состои од три елементи – 48 волтна батерија, алтернатор стартер на ремен и нов генератор на моќност. Литиум јонскатабатерија има капацитет на складирање од 1,7 kwh.
Aлтернаторот има задача да го стартува моторот и иницијано да ја наполни батеријата со електрична енергија.
Повеќето мотори може да се спарат со погон на сите тркала, кој се нарачува како опционал (или дополнителна опрема).
Надворешно, А6 можте да г изберете во една од расположливите 11 бои, а моделот можете да г изберете со атрактивние алуминиумски тркала на Ауди со големина од 18 до 21 инчи
На Европските пазари, основните модели на Ауди А6 ќе имаат цена од околу 55.000 евра.














